Newsletter

About Us

„Начинот на кој подарувате е повреден од подарокот.“

 

Водени од оваа мисла во 2014 година го создадовме Мунус - специјализиран бренд за креативни и уникатни подароци. Подарувањето не е само влегување во продавница и купување предмет, кој ќе го завитката во украсна хартија. Подарувањето е уметност, подарувањето е начин на размислување. Главна цел на тимот кој стои зад брендот Мунус е да креира нови навики во подарувањето. Не мора да има повод за да дадете подарок. Токму затоа ние дизајнираме едноставни, но оригинални подароци за секој ден. Сепак, секој производ има уникатен дизајн и тематика и претставува приказна за себе. Навидум обичните предмети како тефтери, шолји за кафе, подметнувачи за чаши, пернички, пешкири за плажа, вина, торби ги претвораме во интересни и ексклузивни подароци.

 

Мунус во исто време нуди широка палета бизнис подароци, наменети за вашите соработници деловни партнери. Мунус во своето портфолио има специјализирана линија подароци и сувенири за промоција на езерскиот туризам во Македонија под слоганот „All you need is love and the lake“. Овие производи во текот на летните месеци се достапни во туристичките центри Охрид и Дојран.

 

Продажбата на производите на Мунус се врши преку повеќе канали: on line продажба, преку специјализирани Мунус продавници и преку дистрибутери со кои имаме договор за соработка.

 

Изненадете ги саканите, пријателите, семејството или деловните соработници кога најмалку го очекуваат тоа. Подарете им квалитет, креативност и уникатност.

 

Подарувајте со стил. Подарувајте со Мунус.